Во новиот документ објавен пред клучниот состанок на советниците за вакцини на Американската администрација за храна и лекови, Фајзер објави дека нејзината вакцина е безбедна и 90,7% ефикасна против симптоматскиот Ковид-19 кај деца на возраст од 5 до 11 години.
Советодавниот комитет на „ФДА“ треба да се состане на 26 октомври ( вторник) . Доколку се одобрат анализите на Фајзер, ова ќе биде прва вакцина против Ковид-19 за помали деца.