НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна, биолошка и бесплатна терапија

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче, учествуваше на XIV Национална конференција за рак на дојка, за одбележување на месецот за борба против оваа болест.

Подобрувањето на достапноста на современата терапија и дијагностика за онколошките пациенти во Република Северна Македонија, почна во 2018 со стратегија за подигнување на здравствената грижа на граѓаните, која беше на иницијатива на министерот за здравство Венко Филипче. Со решавањето на долгогодишниот проблем со паралелниот увоз на лекови, сега сите пациенти со малигни заболувања се сигурни дека примаат оригинална терапија и терапија при чие транспортирање се запазени сите мерки на добра дистрибутивна пракса (ладен ланец и сл.).

-Во изминатите четири години овозможивме широка достапност на иновативна терапија според високите стандарди на земјите од Европската Унија. Над триесет нови молекули кои во моментов не се на позитивната листа на лекови, станaa достапни за граѓаните на кои им е неопходен третман, пред се за пациенти со тешки хронични и онколошки заболувања. Во делот на онкологија стана достапна биолошка терапија за цервикален канцер и оваријален канцер, како и за канцер на дојка, бели дробови, колоректален канцер, меланом и др. Сега, повеќе нема пациент со карцином на дојка за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите имаат можност да се третираат според најновите препораки на Европската асоцијација на медицински онколози од 2021 година, што е голем напредок, рече министерот за здравство Филипче.

Тој истакна дека набавена е иновативна терапија за ХЕР2 позитивен карцином на дојка, за рана и метеастатска болест. Оваа терапија им дава најдобра шанса за излекување и долготрајна ремисија на над 200 пациенти кои ја имаат оваа многу агресивна форма на рак на дојка.

-Обезбедивме и нова субкутана формулација за пациентките кои се борат со HER2 позитивен карцином на дојка. Станува збор за повеќе од 100 пациенти на годишно ниво кои сега можат да ја примат терапијата само за 5 минути за разлика од интравенските инфузии кои траат два и повеќе часa.Особено е важно што ова е во насока на превенција и заштита на оваа ранлива категорија на пациенти во актуелната КОВИД 19 пандемија. Со комбинирање на делотворните целни терапии и прецизната дијагностика како што се моментално достапните генетски анализи и сеопфатното геномско профилирање кое планираме да го воведеме наскоро, придонесуваме за унапредување на концептот на персонализирана медицина. Нашата визија е обезбедување на ефикасна и безбедна терапија за пациентите согласно нивниот единствен геномски профил. Секој човек е уникатен, затоа се стремиме секое лице кое се бори со канцер да добие најсоодветен третман за неговата специфична болест и со тоа да добие најдобра шанса за излекување и квалитетен живот, рече на Конференцијата министерот Филипче.

Карцином на дојка терапија Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.