Илјадници фанови со транспаренти и лажни бради, скандирајќи го нејзиното име, ја пречекаа на аеродромот во Виена.
Илјадници фанови со транспаренти и лажни бради, скандирајќи го нејзиното име, ја пречекаа на аеродромот во Виена, пеејќи ја победничката песна „Rise Like A Phoenix“, која на Австрија и’ ја донесе толку посакуваната победа на „Песна на Евровизија“.
„Ова не е победа само за мене, туку за сите оние луѓе кои веруваат во иднината која функционира без дискриминација и која се базира на толеранција и респект“, изјави Вурст веднаш по пристигнувањето во Виена.