„Морам да бидам јасен. Се скандираше дека сум усташ и тоа нема врска со вистината. Се скандираше дека сум негативец. И тоа нема врска со вистината, јас сум епидемиолог, негативецот е вирус, а тие застанаа на страната на злобникот.
Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб, д-р Предраг Кон, изјави дека на синоќешниот протест против ковид-пропусниците му скандирале дека е „усташ, негативец и Менгеле“. Како што рече, „на последните што го нарекле така нема да им прости поради потеклото, бидејќи Менгеле се смета за најлошото зло што постои“.
За време на граѓанскиот протест против ковид-пропусниците, којшто со денови се одржува во Белград, група граѓани се собраа пред зградата на епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон.