На плоштад „Македонија“ во Скопје, од денеска до недела ќе се одржи третото издание на „Пчеларски саем“, проект на Град Скопје.
Главен покровител и домаќин е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија.
На штандовите во трите дена од манифестацијата ќе бидат изложени мед и пчелни производи од целата држава, но и пчеларска опрема.