НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со македонското досие во Судот во Стразбур има околу 300 активни предмети – Маричиќ за суштината на Протоколот 16

0
By Mirjana on November 5, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Има реформи во Врховниот суд и во Апелационите судови, така што сметам дека ова е процес кој ќе продолжи во правец на подобрување , изјави претседателот на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур Роберт Спано на заедничката прес конференција со министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан дали македонските судови се подобруваат  во однос на времетраењето на судските случаи.

За претставката за  должината на притворот  на Орце Камчев , Спано не сакаше да коментира бидејќи рече е во процес на разгледување, и не е информација за која може да зборува на прес конференција.  Новинарите кои се интересираа за тоа ги упати да достават писмено барање до судот во Стразбур.

Спано истакна дека во моментов во Судот во Стразбур има околу 300 активни предмети, дека точниот број од Северна Македонија не го знае и не направи дистинкција  на што се однесуваат и дали меѓу нив има предмети врз расна основа или некаков друг вид дискриминација.

Тој  додаде дека Судот во Стразбур и натаму нема алатка како да ги направи извршни своите пресуди или да го следи нивното извршување. Односно како пресудите донесени од негова страна да направи тие и да се почитуваат од земјите на кои се однесуваат. Но, дека земјите треба да се самите одговорни дека со потпишување на некаков акт со одредена институција , треба и да ги применуваат нејзините одлуки.

Најексплицитен пример секако е со 14-те пресуди за Бугарија, поради тоа што не дозволува да се регистрира партијата на Македонците, Омо Илинден. Но, Бугарија досега ја нема спроведено оваа пресуда.

Министерот Маричиќ одговори за значењето на  Протоколот 16 кој се потпиша во септември за време на неговата посета на Стразбур.

-Тоа е алатка која е во функција да го подобри дијалогот и комуникацијата меѓу највисоките судски органи. Она што треба да го одредиме во моментов е нивото на судовите кои ќе бидат вклучени како што се Врховниот, апелационите судови па дури и Уставниот суд.Може Врховноот суд да побара ,мислење за некој  повеќегодишен предмет од Европскиот суд за човекови права , при што очекувањата се да се скрати времето  како и да се намали бројот на претставки до Судот за Човекови права во Стразбур.

М.Т

 

Македонија маричиќ СПАНО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.