НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска програма за храна: Гладот зема сè поголем замав во светот

0
By Sashko on November 8, 2021 СВЕТ
Фото: publicnewsservice.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 45 милиони луѓе во 43 држави во светот се наоѓаат на раб на гладување, а несигурноста меѓу луѓето за тоа дали ќе биде обезбеден наредниот оброк нагло се зголеми низ светот, предупреди Светската програма за храна (WFP).

Скокот од 42 милиони на почетокот на годината на 45 милиони луѓе во опасност од глад денес е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим.

Десетици милиони луѓе се наоѓаат на раб на егзистенција. Судири, промена на политика и ковид-19 го зголемија бројот на гладните. Цените на горивата растат, цените на храната вртоглаво пораснаа, ѓубривата стануваат поскапи, сите овие фактори поттикнуваат нова криза како онаа што сега се случува во Авганистан заедно со веќе старите кризи како оние во Јемен и Сирија, , истакна извршниот директор на Програмата за храна, Дејвид Бизли по патот во Авганистан, каде беше донирана помош за околу 23 милиони луѓе.

За да се спречи гладот ​​во светот, потребни се седум милијарди долари, што е зголемување во однос на побараните 6,6 милијарди долари на почетокот на годината.

Светската програма за храна истакнува дека семејствата се соочени со ужасни избори, па така се принудени да ги повлекуваат децата од училиште, сè помлади девојчиња да се мажат или своите деца да ги хранат со кактусови лисја или скакулци. Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се „принудени да ги продаваат своите деца во очајнички обид да преживеат“.

Во Сирија, 12,4 милиони луѓе не знаат како да го обезбедат својот следен оброк и таа несигурност за храната е најголема од почетокот на војната пред десет години во таа земја, соопштува WFP.

Гладот ​​е присутен во Етиопија, Хаити, Сомалија, Ангола, Кенија и Бурунди, додава Светската програма за храна

глад Програма за храна Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.