Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проверката на странските сертификати во Грција ќе се врши „рачно“

0
By НОВА ТВ on November 8, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 8, 2021 13:42

Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција поребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ.

Сепак, ова не значи дека сертификатите не се валидни или не се признати или прифатени во Грција, туку едноставно проверката треба да се врши рачно, а не преку апликацијата.

Кон крајот на јули, Министерството за туризам на Грција излезе со појаснување за конкретното прашање, дека апликацијата „Covid Free GR” што во земјата се користи за скенирање на сертификатите и потврдите се однесува само на грчки граѓани и на државјани на земјите членки на ЕУ, односно на оние кои имаат европски сертификат.

За конкретното прашање, дописничката на МИА од Атина, денеска побара одговор од портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој објасни дека независно од тоа што апликацијата не ги препознава, сертификатите се валидни и со нив се овозможува влез онаму каде што е неопходен сертификатот.

-Сертификатот, доколку не го препозне апликацијата, неговата валидност се признава преку самиот документ на хартија, преку неговото постоење. Па така посетителите на земјата што се вакцинирани и имаат сертификат за вакцинација, самото покажување на сертификатот е признато и е валидно, исто како што важеше и во претходниот период и ќе им овозможува влез во простори во кои е неопходен сертификат за вакцинација, независно од тоа дали апликацијата, очигледно од технички причини, не го препознава, рече Иконому на денешниот брифинг со новинарите.

За влез во речиси сите затворени простори во Грција, како што се молови, продавниците, но и оворените и заворените делови на кафулињата, рестораните, таверните и сл, од саботата, задолжителен е документ за Ковид-19, чија проверка при влезот се врши заедно со документ за лична идентификација.

Исклучок се супермаркетите и продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и црквите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.