Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19 гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека биле запазени протоколите.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петковска, се позитивни на ковид-19, потврдува за тв 24, Мицевски. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата, објави тв 24.
– Имајќи го предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применет во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање. Ако се сеќавате, имаше и кривични пријави кои беа отфрлени и беше констатирано дека се е во ред, изјави Мицевски за тв 24.
Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19, гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека билe запазени протоколите.