НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) НОВА репортажа: Тешка ноќ во Ѓорче Петров

0
By Сашка Цветковска on May 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Веста за убиството на 18-годишното момче Ангел донесе немирна вечер во скопско Ѓорче Петров. Екипата на НОВА ја помина вечерта таму следејќи ги обидите на полицијата да воспостави ред и мир откако разгневена толпа граѓани кои спонтано се собраа својот гнев го истурија врз околните дуќани и контејнери.

Сите влезови во Ѓорче Петров беа затворени цела ноќ од трговскиот центар „Планет“ па се до Ѓорче 2 каде што и се случи убиството. Домот на семејството на Ангел беше тивок некаде по полноќ. Соседите вознемирано раскажуваат дека во моментот на нашето пристигање родителите на Ангел давале исказ во полициската станица, а тие се труделе да одржат мир во и околу куќата бидејќи дедото на Ангел кој бил стар и болен не знаел се уште ништо.

-Детето умре пред очите на татко му, што да ви кажеме, има ли пострашно. Ве молиме бидете тивки, нека не чуе и нека не дознае се уште дедото, тие ќе му кажат кога ќе биде потребно, одговорија соседите во чиј дом во моментот беше и 12-годишниот брат на Ангел кој се уште не знаел што точно се случило со брат му.

Ако пред домот на Ангел не дочека тешка тишина, на главната улица во Ѓорче Петров беше бурно и немирно. НОВА сведочеше на моментот кога полицијата со жив штит извади група граѓани од албанска националност кои беа заклучени во обложувалница.

-Ќе ги истепаа, си знаат. Затоа се заклучија. Тие се сопственици на слаткарница, вели еден од собраните граѓани.

Мешани коментари се слушаа од толпата. Едни извикуваа „Така им треба, нека ги истепаат„ или „Каде се нас да не бранат, види за нив што прават да ги спасат“, додека други велеа „Што се тие криви, си имаат слаткарница со години овде па не ви сметале“. Едни повикуваа на разум додека се палеа и кршеа дуќани на граѓани од муслиманска вероисповест, додека други не можеа да го контролираат гневот.

НОВА сведочеше и на палењето на кафеаната „Планета“, исто така во сопственост на граѓанин од муслиманска вероисповест. Пожарна и полиција повикаа соседите Македонци.

-Сефо доаѓај жити бога ти ја запалија кафаната. Се гори, оф леле, извикуваше сосетката Македонка додека другите соседи влечеа црева и кофи со вода за да помогнат дури да дојде пожарната.

Ѓорче Петров беше буквално опколено со полиција. Во неколку наврати сведочевме на куси судири помеѓу толпата граѓани и полицијата. Запалени контејнери и превртени автомобили беа „декор“ долж целата главна улица во Ѓорче Петров. Откако градоначалникот Сокол Митревски неуспешно се обиде да ги смири тензиите, ноќта по полноќ пристигна и директорот на ДБК Сашо Мијалков. Се задржа кратко, а веднаш по неговото заминување толпата се разотиде, а и полицијата почна полека да се повлекува.

18-годишниот Ангел загина откако крадци влегле да му го крадат велосипедот во дворот. Тој и татко му ги забележале крадците и тргнале по нив. Кај болницата Св. Лазар Ангел успеал да стигне еден од крадците кој го прободел со нож во градите. Ангел умред пред очите на таткото. Телото на Ангел 5 часа лежело на скалите на очната болница додека траел увидот. Пред болницата и денеска се уште има полиција. Еден од осомничените, според МВР е приведен и го признал убиството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.