НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Скопје ќе „светка“ и во време на енергетска криза – кај граѓаните паника и револт ?!

0
By Mirjana on November 10, 2021 РЕПУБЛИКА
Фото: Сакам Да Кажам
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извесното новогодишно украсување за кое екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов склучил договор во вредност од 240.000 евра, предизвика лавина коментари од граѓаните на социјалните мрежи. Украсувањето би предвидувало поставување новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Граѓаните во бунило-едни револтирани, други разочарани, трети во дилема зошто ќе има украсување за време на енергетска криза.

„Село гори, баба се чешла.“

„А на дрва ќе ги ложат светилките? Онака прашувам поради кризата со струјата.“

„Па нели е кризна состојба?“

Според дел од коментарите на социјалните мрежи, граѓаните сметаат дека украсувањето годинава не би требало да се спроведе и ја повикуваат новата градоначалничка на Скопје, Арсовска разумно да постапи по ова прашање со оглед на енергетската криза во која се наоѓаме.

„Данела по итно да го раскинеш договорот за украсување на град Скопје.“

„Под итно ова да се поништи. Народот крпи крај со крај а на Петре до украсување му дошло. Новата градоначалничка ова под итно да го поништи.“

Она што убедливо секоја година се коментира меѓу граѓаните во предновогодишниот период се вртоглавите суми со кои се обезбедува масовно украсување на главниот град. Граѓаните не само оваа, туку и изминатите години ја потенцираа важноста од пренамена на средствата наменети за украсување за цели кои ќе бидат од општа корист.

„Абе какво украсување. На кого му е до прослава после толку тешка и бурна година? Подобро тие пари донирајте ги за лечење на луѓе кои секој ден апелираат за помош.“

„Е арно машала. Народот нека страда, нека трпи во беда и сиромаштија.“

„Овие луксузи на никого не му требаат. Парите да се пренаменат за слаби водоводи, за многу неасфалтирани улици. Да се купат противпожарни возила, да се направат кружни текови за многу побрзо движење и многу други работи.“се само дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

 Марија Поповска

Предновогодишно украсување ан Скопје ќе има или не?!
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.