НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боксери од 14 држави на јубилејниот 50 Златен гонг

0
By НОВА ТВ Balaban on November 10, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според програмата на „Златен гонг 2021“ утре (11 ноември) ќе се одржат четвртфиналните средби (16 часот), Свеченото отворање (16:30) и Конференцијата за одбележување на јубилејот (20:30 Хотел Континентал).

На претстојното 50-то издание од меѓународната боксерска манифестација „Златен гонг“ учество пријавија околу 60 боксери од 14 земји.

Македонската репрезентација, која ќе биде предводена од селекторот Руждија Калач, ќе биде составена од: Ардијан Џемаили, Оран Јашаровски, Јасин Љама, Дион Лена, Ферид Хоџа, Лео Јовановски и Арсим Етеми.

Покрај македонските ќе учествуваат и боксери од: Албанија, Англија, Бугарија, Велс, Ирска, Кина (Хонг Конг), Косово, Молдавија, Словенија, Србија, Украина, Хрватска и Црна Гора.

По традицијата, најголемата боксерска манифестација во нашата држава добива поддршка од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

– Сите настапи кои имаат меѓународен карактер се плус за сите наши спортисти. Од ваквите натпревари се стекнува потребното искуство. Агенцијата за млади и спорт и во иднина ќе дава поддршка со цел постигнување подобри резултати. Јас како директор на АМС ќе се залагам македонските боксери да имаат услови што ќе овозможат нивен напредок и во скоро време да се појави некој нов Примислав Димовски, Вели Мумин, изјави Наумче Мојсовски, директор на АМС.

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски очекува турнирот да помине без проблеми.

– Јубилејниот 50-ти Златен гонг ќе го одржиме и покрај пандемијата. Ќе биде на некакво ниво со одреден квалитет со оглед на тоа што пред една недела се одржа Светското првенство. Полека излегуваме од кризата. Да видиме како ќе течат борбите, па потоа ќе ги кажеме впечатоците. Покана до сите љубители на боксот да го следат турнирот или во салата или на телевизија, рече Димовски.

Според програмата на „Златен гонг 2021“ утре (11 ноември) ќе се одржат четвртфиналните средби (16 часот), Свеченото отворање (16:30) и Конференцијата за одбележување на јубилејот (20:30 Хотел Континентал).

На 12 (петок) се полуфиналните мечеви (13 часот сесија 1 и 18 часот сесија 2), додека финалните борби ќе почнат в недела на 13 ноември со почеток во 20 часот.

Натпреварите ќе се одржат во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“.

50 боксери Златен гонг јубилејниот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.