Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 09:18

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

На денешен ден во 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и од 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

 

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

По повод одбележувањето на 13 Ноември, борците од Народноослободителната антифашистичка војна ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Делегациите по средбата ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужни граѓани. Делегациите ќе положат цвеќе и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија.

Во Филхармонија на Република Северна Македонија вечер ќе биде доделена и наградата „13 Ноември“. Од областа на науката добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач. Во образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ, а во публицистиката Слободан Петровиќ. Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист, од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова.

Од областа на здравствената заштита награден е тимот за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија – имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија, кој беше отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и Основното училиште „Кирил и Методиј“ од село Стајковци, Општина Гази Баба.

13 Ноември одбележува Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.