Published: Saturday, November 13, 2021 13:59
Откако вчера беше цел на хакерски напад и надвор од контрола, денеска е вратен Твитер профилот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
– Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР.




