НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Ниш продолжуваат состаноците на Србија, Македонија и Албанија во рамки на иницијативата Отворен Балкан

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Северна Македонија, Трајан Димковски, вчера истакна дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ нема да биде лесна, и дека сите три влади заедно ќе се борат за таа да успее.

Денеска во Ниш продолжуваме сo работните средби со колегите од владите на Северна Македонија и Албанија, за да можеме да направиме конкретни договори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со цел посилно поврзување, олеснување на протокот на стоки, услуги и луѓe, како и да ги отстраниме сите пречки кои не спречуваат да се развиваме и напредуваме, изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали на Инстаграм профилот, јави дописникот на МИА од Белград.

Вчера во Ниш, започна дводневната средба на повеќе од 160 претставници на влади, државна администрација, институции и стопански комори на Србија, Албанија и Северна Македонија, која ја преставува заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кои, во следните два дена ќе разговараат како да се реализира иницијативата „Отворен Балкан“, односно како да се отстранат бариерите за бизнисот и граѓаните.

– Сите имаме иста цел, да ја зголемиме економската соработка, не само меѓу нашите три земји, туку и сите земји од регионот. Како министер за финансии можам да зборувам за детали за економскиот раст, стапките на раст, подобрувањата во економијата, но сите знаеме која е нашата цел како политичари, а тоа е луѓето во нашиот регион да имаат подобар живот, да го подобрат бизнисот, да заработат повеќе пари и тука да ги остварат своите соништа, изјави Мали на отворањето на состанокот на министрите и претставниците на владите на сите три земји, соопштија од српското министерство за финасии.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во Северна Македонија, Трајан Димковски, вчера истакна дека реализацијата на иницијативата „Отворен Балкан“ нема да биде лесна, и дека сите три влади заедно ќе се борат за таа да успее.

– Ќе разговараме за тоа како ќе ја спроведеме иницијативата, како да го зголемиме производството и трговијата меѓу нашите три земји, како да ги намалиме бирократските процедури, ќе разговараме додека не дојдат до нула сите бариери, изјави Димковски.

Тој изрази надеж дека иницијативата ќе донесе подобра иднина за економиите на трите земји и дека идејата ќе доведе до некои нови идеи.

Ниш отворен балкан продолжуваат состаноци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.