НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалија им забрани на шефовите да им испраќаат пораки на вработените вон работното време

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавaчи, додека нивните деца не наполнат осум години.

 

Португалија им забрани на шефовите да испраќаат текстуални и електронски пораки до работниците надвор од работното време, како дел од новиот правен пакет популарно наречен „право на одмор“, јави Би-Би-Си.

Одлуката е дел од законските измени донесени за балансирање на приватниот и професионалниот живот, особено во однос на фактот дека многу работници работат од дома.

 

Компаниите со повеќе од 10 вработени може да се соочат со казна доколку контактираат со вработените надвор од времето наведено во нивните договори за работа. Донесени се и нови правила за далечинско работење на работниците со деца. Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавaчи, додека нивните деца не наполнат осум години.

 

Компаниите, исто така, би можеле да бидат принудени да платат дел од трошоците за работа од дома, на пример за трошоци за струја или интернет. Со оглед на тоа што работниците може да доживеат чувство на изолација, од компаниите се очекува да организираат редовни физички состаноци.

 

Сепак, некои елементи од правниот пакет не беа прифатени во португалскиот Парламент, вклучително и „правото на исклучување“ што би им овозможило на работниците да ги исклучуваат сите уреди по работното време. Португалската министерка за труд и социјална заштита, Ана Мендес Годињо, на конференција во Лисабон минатата недела рече дека работата на далечина менува многу работи и оти нејзиниот раст мора да се регулира. Таа се надева дека подобрата заштита на работниците исто така ќе привлече многу странци да дојдат да работат во Португалија, велејќи дека ја смета нејзината земја „едно од најдобрите места во светот за дигитални номади и работници од далечина“.

#Португалија забрани им испраќаат пораки шефовите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.