Двоен стрелец за македонскиот национален тим беше фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас во 65-та минута и во 87-та минута, третиот погодок за „црвено-жолтите“, прв во натпреварот, беше дело на Езгјан Алиоски во седмата минута. Единствениот, пак, Исланѓаните го постигна Торстеинсон во 54-та минута. Гостите го завршија настапот во Скопје со играч помалку на теренот по исклучувањето на Јоханесон во 79-та минута.
Македонија во март в година ќе игра бараж двомеч за Светското фудбалско првенство во 2022 година чиј домаќин е Катар. „Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Тоше Проески“ во Скопје го совладаа Исланд со 3:1 и на крајот остана на второто место во групата Ј.
Двоен стрелец за македонскиот национален тим беше фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас во 65-та минута и во 87-та минута, третиот погодок за „црвено-жолтите“, прв во натпреварот, беше дело на Езгјан Алиоски во седмата минута. Единствениот, пак, Исланѓаните го постигна Торстеинсон во 54-та минута. Гостите го завршија настапот во Скопје со играч помалку на теренот по исклучувањето на Јоханесон во 79-та минута.
Фаворитите победија и во останатите два меча во групата Ј. Романија, која се надеваше на кикс на Македонија, го совлада Лихтенштајн со 1:0, додека Германија во Ереван славеше над Ерменија со 4:1
Група Ј
Резултати, 10 коло
Македонија – Исланд 3:1
Ерменија – Германија 1:4
Лихтенштајн – Романија 0:1
Табела: Германија 27 бода, Македонија 18, Романија 17, Ерменија 12, Исланд 9, Лихтенштајн 1.