Компанијата „Ауди“ склучи договор за купување на групацијата Мекларен, соопшти „Autocar“. „Ауди“ ќе ја преземе контролата врз целата компанија, вклучувајќи го и тимот на Мекларен кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот.
За потсетување, „Мекларен Груп“ претходно продаде дел од Ф1 тимот на „MSP Sports Capital“ кој стекна 15 проценти од акциите, а уделот до крајот на 2022 година ќе порасне на 33 проценти.
Тимот на Мекларен е втор најстар учесник во Формула 1 и втор најтрофеен по Ферари.