НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица

0
By НОВА ТВ on November 16, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Ова е првиот чекор кој следува во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн.

Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцира дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување на делата на Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот од нивното евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма. Точниот број на дела се уште не е познат, бидејќи некои дела не се воопшто изведени. Преку дигитализација на овој богат опус на музички дела, ќе се постигне нивното трајно зачувување, односно префрлање од хартиена првична форма во дигитална форма.

Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композитори на Македонија, на Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ и на Архивот на МАНУ.
Поголем дел од творештвото ќе биде и прикачено онлајн и може да се најде на интернет платформата ISSUU или директно на следниот линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1).
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.