НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пронајдени 200 килограми тутун во возило, откриен и нелегален погон за производство на режан тутун во Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on November 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тутунот произведен во оваа нелегална – импровизирана работилница, се пакувал и продавал во амбалажа како тутун од реномирани произведувачи на тутунски производи.

Службите на Царинската управа, Сектор за контрола и истраги и МВР, Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа заедничка акција за откривање на недозволено производство и продажба на тутун, при што открија нелегален погон за производство на режан тутун на подрачјето на град Скопје, соопштија денеска од Царинската управа.

 

На 18.11.2021 година, во вечерните часови, припадници на Царинска управа и на Оддел за криминалистичка полиција  запреа  патничко моторно возило, со скопски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. При контрола на возилото пронајдени се 750 пакувања со режан тутун со вкупна тежина од околу 200 килограми. По издадена наредба за претрес, од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на лицето кое го управувало патничкото моторно возило. Во куќата пронајдена е опрема за целосен процес на производство и пакување за малопродажба на режан тутун за пушење, и тоа: машина за режење, ваги, вакум машини, најлонска и картонска амбалажа за илјадници килограми тутун. Тутунот произведен во оваа нелегална – импровизирана работилница, се пакувал и продавал во амбалажа како тутун од реномирани произведувачи на тутунски производи.

 

Пронајдениот тутун и останатите предмети се запленети, а Царинската  управа до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе соодветна кривична пријава за даночно затајување и избегнување на плаќање на акцизни давачки.

 

Царинската управа и Министерството за внатрешни работи вложуваат постојани напори за спречување на нелегално производство и трговија со акцизни добра, со цел да се спречи неплаќањето на давачки кон државата, но и да се заштити здравјето на граѓаните што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.

 

нелегален погон Производство Тутун Царинската управа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.