Неколку илјади луѓе излегоа денеска на улиците во Австралија за да протестираат против обврската да се вакцинираат против Ковид-19, но излегоа и групации на граѓани кои ги поддржуваат ваквите мерки предложени од владата бидејќи земјата е меѓу оние со највисок степен на имунизација против корона вирусот.
Имено, речиси 85 отсто од Австралијците постари од 16 години се целосно вакцинирани против коронавирусот.
Вакцинацијата во земјата е доброволна, но сојузните држави и територии ја пропишаа како обврска за многу професии и занимања и забранија одредени активности за невакцинираните, како што се јадење во ресторани или одење на концерти.
Демонстрантите против анти-ковид мерките кои биле во незначителен број, извикувале „Слобода, слобода“ и носеле знаци на кои пишувало „Стоп за сегрегацијата сега“. Додека на овие им се спротивставиле демонстранти кои ги поддржувале мерките и кои биле во поголем број, како што јавуваат локалните медиуми . Организирани од групата „Кампања против расизмот и фашизмот“ демонстрирале под слоганот „Не биди шуга, прими ја вакцината“.