Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција: Петгодишен проект за медиумска писменост „Младите размислуваат”

0
By Sashko on November 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 07:36

УСАИД во партнерство со IREX и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), денеска во Скопје ќе го претстават новиот петгодишен проект за медиумска писменост „Младите размислуваат”, со што ќе биде означен и почетокот на „Деновите на медиумската писменост“.

Како што информираат од УСАИД, во фокусот на овој проект е работата со младите со цел да се поттикнат да развијат вештини за критичко размислување и да научат како да ги препознаат проверените информации со што ќе изградат отпорност на дезинформации и ќе придонесат за градење на активно и одговорно граѓанство водено од емпатија.

На настанот ќе се обратат амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, директорот на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, Михајло Лахтов, министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи и директорката на МИМ, Билјана Петковска.

Ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу ИРЕКС, МИМ, Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието што ќе обезбеди основа за системска интеграција на медиумската писменост и критичкото размислување во наставните програми за основно и за средно образование во земјава.

Во рамки на настанот ќе се одржи и дебата меѓу претставници од различни групи млади кои ќе дискутираат за важноста на медиумската писменост во образовниот процес и во новото медиумско опкружување.

Во рамки на „Деновите на медиумската писменост“, како што се најавува, оваа година членките на Мрежата за медиумска писменост ќе организираат низа активности на тема „Медиумската писменост за децата и младите“.

„Младите размислуваат“ Македонија Медиумска писменост проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.