НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ ќе дава додаток од 1.000 денари месечно за децата на вработените

0
By НОВА ТВ Balaban on November 22, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновиот проект на „Алкалоид“ АД Скопје вклучува бенефиции за децата на вработените, преку финансиска партиципација на компанијата во износ од 1.000 денари од дете на вработен на месечно ниво, наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсевите за компјутери, спортските и рекреативните активности, како и на активностите од областа на науката и на културата, во текот на целата учебна година. Во проектот се опфатени деца од сите категории на вработените во „Алкалоид“ АД Скопје – деца од предучилишна возраст и оние кои се редовно запишани во основно и во средно училиште.

„Во процесот на иницирање на овој нов проект бевме фокусирани на повисока цел – нашите деца, кои се нашата иднина. Сакавме да поттикнеме практикување воншколски активности и ангажмани, кои, како дополнителни вредности и знаења, активно ќе придонесат за нивно формирање во комплетни личности, кои во иднина ќе дадат свој личен придонес за унапредување на средината во која живеат и дејствуваат. Преку грижата за нашите вработени и преку иницијативите за овозможување придобивки за членовите на нивните семејства ги манифестираме клучните вредности на големото алкалоидово семејство – ‘Луѓето пред сѐ’ – максима која особено ги засега најмладите“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Во моментов компанијата има 408 администрирани пријави за бенефиции за деца на вработените, од кои 33 пријави за деца од предучилишна возраст, 327 пријави за деца од основно училиште и 48 пријави за деца на вработени запишани во средно училиште. Гледано според категории, 6 се пријави за компјутерски вештини, 7 пријави за активности од областа на науката, 127 пријави од областа на спортот и на рекреативните активности, 234 пријави за курсеви за странски јазици, 30 пријави за танцови школи и по 2 пријави за активности од областа на културата и на музиката, со очекување и овие бројки да се менуваат и да растат во претстојниот период. 

Алкалоид вработени деца додаток Живко Мукаетов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.