НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последен ден од општата комисиска расправа на Предлог-буџетот за 2022

0
By НОВА ТВ on November 26, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со едноминутно молчење за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи општата расправа по Предлог-буџетот за 2022 година.

Во текот на расправата власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Додека за пратениците од владејачките партии Предлог-буџетот е развоен, насочен кон економско заздравување, заштита на здравјето, зголемување на инвестициите и непречна исплата на плати и пензии, за пратениците од опозицијата проекциите се погрешни и преамбициозни поради што ребаланс треба да се очекува уште во првиот квартал од 2022 година.

Прв за збор се јави пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ кој нагласи дека желбите се едно, а можностите нешто сосема друго.

-Овој буџет е за сите граѓани на државата, а не само за СДСМ и ДУИ. Ова е нереален, историски највисок, неразвоен и социјален буџет со непродуктивни трошоци. Владата на СДСМ постојано креира лажни и нереални проекции, а нејзините амбициозни предвидувања секогаш паѓаат во вода. Така е и овојпат. Предлог-буџетот за 2022-ра ќе донесе уште поголеми проблеми. Желбите и нереалните очекувања се едно, а можностите се нешто сосема друго. Реалноста е дека земјава е пред банкрот, животот е се поскап, имаме здравствена, енергетска и економска криза, а проектирано е Владата да потроши 4,4 милијарди евра, укажа Јованчев.

Тој се освра и на задолжувањата, правejќи паралела меѓу сегашните бројки и оние во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури 11 проценти од Буџетот тогаш одеа за капитални инвестиции. Денес, за само четири години, јавниот долг е зголемен за цели 2,4 милијарди евра или, ако резимираме, јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ растел по 290 милиони евра годишно, а во време на СДСМ по 600 милиони евра. Денес, капитални инвестиции речиси нема, од Буџетот на државата за оваа намена во овој момент се издвојуваат скромни 6,5 проценти, посочи пратеникот.

Јованчев апелира Комисијата да ги прифати предложените амандмани од неговата пратеника група, над 200, зашто тие, нагласи, се суштински, произлегле од потребите и барањата на граѓаните, приватниот сектор и стручната јавност, а се во насока на корегирање на Предлог-буџетот, негово подобрување и пресретнување на ценовните шокови и останатите предизвици.

На Јованчев му реплицираше заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски кој детално ги образложи скоро сите ставки во Предлог-буџетот. Тој потсети дека со проекциите се предвидени средства и за енергетската криза, како и за економската и за здравствената.

-Енергетската криза е предизвикана од големиот застој во месеците кога економиите не работеа, посебно во Европа, и наглиот голем пораст на производството, трошењето на електричната енергија во Западна Европа, како и енергетската транзиција од традиционални кон обновливи извори на енергија. Буџетот на државата има предвидено 5,4 милијарди денари за оваа намена, а четири милијарди денари се веќе префрлени на сметка на АД ЕСМ која обезбедува набавка на суровини за производство на електрична енергија и набавка на електрична енергија за домаќинствата. Дополнително, предвидени се и средства за 45 622 граѓана со ниски примања кои добиваат 1.000 денари додаток за покривање на трошоците за греење. Го намаливме и ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, рече Ковачевски.

Во врска со инфлацијата, заменик-министерот образложи дека тоа е нешто што се случува по секоја голема криза.

-Се работи за зголемување на базичната стапка на инфлација која се должи на зголемување на цените на енергенсите и зголемување на цените на основните и на преработувачките продукти. Сите анализи покажуваат дека се работи за класичен дисбаланс во економијата кога понудата е помала од побарувачката. Тој притисок сега влијае на зголемувањето на цените, потенцира Ковачевски.

Реплицираа и за збор се јавија пратениците Панчо Минов од ГРОМ, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниела Колева од СДСМ. Во фокусот на дебатата беа инвестициите, енергетската криза и вработувањата.

На седницата не е присутен пратеникот Кастриот Реџепи. Тој најавил дека нема да учествува воопшто на претресот на Предлог-буџетот.

Комисијата моментно е на пауза, по што седницата треба да продолжи.

Општата расправа за Предлог-буџетот не продолжи неделава зашто поради автобуската несреќа во Бугарија се откажаа сите собраниски активности.

Според информации од пратениците, амандманската расправа која почнува утре, се предвидува да заврши во среда, а потоа текстот да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет ќе оди на пленарна седница каде расправата трае пет дена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.