НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За три години 22 жени биле убиени од своите партнери

0
By НОВА ТВ Balaban on November 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во над 80 отсто од случаите на фемициди, иако и претходно постоело насилство, ниту една од  вкупно 14 убиени жени не пријавила во надлежните институции.

Фемицидите, односно родово базираните убиства на жени од страна на мажи, се „скриена пандемија“ која ја загрозува безбедноста на голем број жени и девојки. Од вкупно 26 убиства на жени, извршени во државата во периодот од 2017 до 2020 година, 22 се квалификувани како фемициди, со оглед на тоа што сторители се сегашни и поранешни партнери или други членови на семејството на жртвата, покажува Анализата на случаи на фемициди, која денеска беше презентирана.

– Една од главните и неопходни препораки е измена и дополнување на Кривичниот законик преку предвидување на фемицидот како посебно кривично дело, или дополнување на отежнителните околности при квалификација на основното убиство со попрецизно дефинирање на родово базираното насилство, по примерот на европските земји. Согласно ова треба да бидат предвидени и повисоки казни за сторителите на ова кривично дело, рече Елена Димушевска, авторка на Анализата на фемициди.

Фемицидите како најтешка форма на родово базирано насилство се појавуваат во сите слоеви на општеството, имајќи предвид дека жртвите се со различна возраст, националност и социо-економска положба. Во над 80 отсто од случаите на фемициди, иако и претходно постоело насилство, ниту една од  вкупно 14 убиени жени не пријавила во надлежните институции.

Анализата на случаи на фемициди е изработена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а беше презентирана во рамки на  глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Анализата на случаи на фемициди е достапна на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк.

 

„16 дена активизам против родово базирано насилство“ Елена Димушевска казни сторители Фемицидите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.