Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџиу за БНТ: Во автобусот немаше запалливи материи, тубите беа со вода

0
By Sashko on November 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 22:35

Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу во интервју за БНТ вели дека автобусот пред да замине од Турција минал низ сервисна станица и се било во ред.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.

Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот.

Патував со семејството, рече Хаџиу.

Тој рече дека од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. На бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, Хаџиу дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал кон местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот.

Хаџиу одби да ја коментира верзии за несреќата, бидејќи истрагата е во тек, но посочи дека три недели пред несреќата автобусот минал на технички преглед во С. Македонија и додаде дека пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ минуваат низ сервис.

Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму, а ако нешто не е, тогаш ни кажуваат за веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“.

Тој меѓутоа рече дека во автобусот немало канистри со гориво, бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да одат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да донел лесно запаллива материја.

Во секој автобус има туби, но тие се со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај и тоа е вода за резерва. Ова е резервна вода. Строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач и сè што се носи, вели тој.

Сопственикот на „Беса транс“ рече дека возачите на автобусот биле многу искусни професионалци кои многупати ја минувале оваа релација. Хаџиу објасни дека за оваа 12-часовна рута биле доволни двајца возачи. Тие строго ги почитувале часовите за одмор. Хаџиу потврди дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да развие брзина повеќе од 100 км./ч.

БНТ интервјуто со сопственикот на „Беса транс“ го направи во канцеларијата на неговиот адвокат во Софија. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило и затоа е во Бугарија да им помогне на истражителите на кој било начин да ги утврдат причините за инцидентот во кој на 23 ноември загинаа 45 лица.

„Беса транс“ Автобус. Несреќа Беким Хаџиу БНТ интервју Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.