НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија за два месеци ќе понуди засилувачка доза на вакцина за сите постари од 18 години

0
By НОВА ТВ Balaban on November 30, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека целта на Владата е да им понуди на сите возрасни бустер доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари и ги повика Британците да продолжат со борбата против новата варијанта на вирусот – Омикрон.

– Секој ден нашите научници дознаваат повеќе за овој нов сој на коронавирусот, рече шефот на конзервативната влада на прес-конференција во Даунинг стрит.

– Но, има нешто во што сме сигурни, а тоа е дека најдобрата одбрана од вирусот е вакцината, додаде Џонсон.

Британската Влада уште вчера соопшти дека бустер дозата ќе им биде понудена на сите постари од 18 години и оти интервалот помеѓу втората и третата доза ќе се намали од шест на три месеци.

Џонсон денеска изјави дека целта е до крајот на јануари секому да може да се понуди бустер доза.

Земја која беше меѓу најтешко погодените од пандемијата со скоро 145.000 смртни случаи, Велика Британија сега има повеќе од 80 отсто двојно вакцинирани меѓу населението на возраст над 12 години, додека засилувачка доза примиле 31,1 отсто од тој сегмент на населението.

Досега се пријавени 13 случаи на Омикрон во Англија и девет во Шкотска, но се очекува овој број да се зголеми во наредните денови.

Велика Британија засилувачка доза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.