До петок се очекува нова, трета средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која треба да „падне“ конечен договор за коалициска соработка и зголемување на парламентарното мнозинство на 64 пратеници, тврдат, неофицијално, извори од власта.
СДСМ и Алтернатива, според најавите, и утре ќе бидат во интензивна координација внатре во партиите, но и меѓусебе, за допрецизирање на учеството во власта на партијата на Гаши.
Се уште не е постигнат договор кои министерски ресори и други позиции Алтернатива ќе ги преземе.
Неофицијално, Алтернатива е заинтересирана за значително учество во новиот владин кабинет. Се шпекулира дека може да и припадне дури и вицепремиерско место и две министерски позиции.