Цената на нафтата од типот „брент“ следната година би можела да порасне до 125 долари за барел, а во 2023 година да достигне цена од 150 долари за барел, прогнозира инвестициската банка JP Morgan Chase.
Аналитичарите на Morgan Chase тврдат дека членовите на ОПЕК имаат нафта, иако помалку од претходно проценето, но таа се наоѓа во земјата. Сепак, додаваат дека , немаат ниту средства ниту логистика потребна за брзо да ја изнесат на пазарот. Затоа, велат аналитичарите, се создава впечаток дека овие земји намерно не сакаат да ги снабдуваат потрошувачите со споменатиот енергенс и затоа има проблем со Америка и другите земји кои покренаа иницијатива за намалување на неговата цена.
„Морган Чејс“ предупредува дека неколку други надворешни фактори ќе влијаат на вредноста на нафтата во наредниот период, но дека доколку новиот вид коронавирус не предизвика економски колапс и доколку не се воспостави соработка меѓу производителите на нафта, таа би требало значително да се зголеми.