НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна откупот на тутунот, тутунарите очекуваат добра цена поради квалитетниот род

0
By Ivana on December 6, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен.

– Донесов околу 500 до 600 килограми тутун за процена. Тутунот е квалитетен и очекувам добра цена за разлика од лани, изјави тутунарот Методија Ѓорѓиоски.

За претседателот на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп, Злате Дамески, реално е тутунарите да очекуваат добра цена поради квалитетот и апелираат да носат тутун од сите класи.

– Квалитетот е добар и очекуваме добра откупна цена. Првиот ден во Прилепскиот комбинат го потврдува тоа. Ќе видиме наредните денови како ќе биде. Апелирам тутунарите да носат за откуп род од сите класи, изјави Дамески.

И координаторот на четирите новоформирани тутунски здруженија Игор Мирчески вели дека ќе следат како тече откупот. Очекуваат и Сојузот на земјоделските здруженија и Земјоделскиот инспекторат будно да го следат откупот.

– Еве, три компании почнаа со откуп на тутунот. Во „Сокотаб“ не тргна според очекувањата, но ќе почекаме со оценките како ќе биде наредните денови. Бараме Сојузот на земјоделските здруженија со поверениците да го следи откупот, како и Земјоделскиот инспекторат да биде буден на теренот, изјави Мирчески.

Проценителите на вагите во Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека тутунот е поквалитетен и се надеваат дека и производителите ќе бидат задоволни.

Директорот на Прилепскиот тутунски комбинат Кире Станкоски се надева дека откупот ќе тече без проблеми. Од четврток ќе се отворат пунктовите во населените места, а исплатата ќе биде за еден ден.

– Без проблеми почна откупот на тутунот во Комбинатот. Од денес се откупува на пунктот во градот, а од четврток ќе бидат отворени 21 откупен пункт со 31 вага во населените места. Потврдено е дека родот годинава е добар и се очекува далеку повисока откупна цена од лани, изјави Станкоски.

Според директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ, сите компании треба да ги отворат пунктовите до 15 декември.

– Откупот почна на 20 од вкупно 173 откупни пункта во земјава. Од осумте компании уште една деновиве треба да достави гаранција за исплата. За годинашнава реколта се потпишани договори за околу 22.300 тони тутун. Родот е квалитетен. Очекуваме добар тек на откупот, а инспекторатот секако ќе биде на терен да ја следи откупната кампања, изјави Шапуриќ.

Откупот официјално трае до 31 март наредната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.