Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска сведочеше за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ: Имаше масивни сефови од 1,5 метри во седиштето на партијата

0
By Mirjana on December 7, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 7, 2021 13:33

Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи сведочeше на денешното рочиште во судскиот предмет Плацеви на Водно и тоа за периодот кога таа ја извршувала функцијата генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со финансирањето на партијата.

– Имаше масивни сефови од 1,5 метри во седиштето на партијата, рече Јанкуловска која одговараше на прашања на обвинителката во овој процес Лиле Стефанова која побара од сведокот да ги каже своите сознанија за начинот на кој се финансирала партијата во контекст на тезата на обвинението дека Груевски ги купил плацевите на Водно со пари од чланарината.

– Одредени сознанија можам да дадам од есента во 2004 до 2006 година. додека ја извршував функцијата генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, во периодот кога партијата беше во опозиција и за цело време имаше блокирана сметка и функционираше од донации од физички лица, рече Јанкулоска напоменувајќи дека на некои од донаторите им издавале каса прими.

Колку пари му биле дадени на Груевски, праша Стефанова, а Јанкуловска на тоа одговори дека не знае колку пари му биле предадени на Груевски и дека знае само за сумата што и била давана на неа.

Јанкулоска објасни дека во времето законската регулатива била како што рече, полабава и дека се водела неформална евиденција, и затоа на некои донатори им давале и каса прими. Таа додаде дека во нејзината канцеларија во старото партиско седиште имало два големи сефа.

– Имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни, до метар, 1,5 метар високи, и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту знаев шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба, појасни Јанкуловска.

Обвинителката Стефанова ја праша Јанкулоска дали кога донаторите му ги давале паричните средства на претседателот на партијата таа имала евиденција колку пари се дадени од одреден донатор, сведокот рече дека имала сознанија и евиденција за тоа колку пари ќе и се предадат, а дали се разговарало за повеќе или за помалку пари не знае, ниту пак дека знае колку му биле давани на Груевски.

Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство во предметот „Плацови на Водно“. Обвинението го терети дека во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра  кои потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Во овој судски предмет се обвинети и бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Стојанка Митреска

Јанкуловска Плацеви на Водно сведочи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.