НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен шверц на марихуана вреднa 600.000 илјади евра, приведени шестмина македонски и косовски државјани

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р.Косово на територија на нашата држава, при што е запленета марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.

На 08.12.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р.Косово на територија на нашата држава, при што е запленета марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.

Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(36) од Скопје, каде како сопатник бил  косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р.(24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом кај Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и  11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Р.Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.

Денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Видеа:
https://www.youtube.com/watch?v=U-329mHH-Rk
https://www.youtube.com/watch?v=htExPtjcF1k
Бирото за јавна безбедност дрога меѓународен шверц Пресечен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.