НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кремљ ги диктира руските инвестиции на Балканот?

0
By Нова ТВ on February 11, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Москва со делумно изменета тактика преку инвестиции се обидува да влијае на настаните во различни земји, па дури и во Европската унија, главно преку нови земји членки кои се зависни од руските енергенси, изјави за РСЕ Јуриј Фјодоров, поранешен соработник на „Чатам хаус“ во Лондон, а сега независен аналитичар.

„Сегашната воена и политичка стратегија на Русија кон Европа, вклучително и Балканот, е слична на онаа која ја спроведуваа руските цареви во 19 век. Тешко е да се одвојат економскиот и политичкиот аспект во стратегијата на Москва.

– Таа користи економски инструменти, не само за профит, туку и за политички цели, односно за зголемување на влијането во одредени земји. Кога станува збор за Балканот, Русија гледа на Србија и на Црна Гора како на мостови во регионот од историски причини. Јас мислам дека и денеска Кремљ не се откажал од старите соништа за влијание на Балканот. Русија насотојува да ги капитализира нерешените прашања на Западен Балкан“, вели Фјодоров.

Купувањето на Нафтената индустрија на Србија, Беопетрол, влезот на московските банки на банкарскиот пазар се само некои од клучните руски инвестиции во Србија во последните 13 години кои изнесуваат речиси 1,5 милијарди долари, не сметајќи на изградбата на на гасоводот Јужен тек или кредитот за реконструкција на српските железници чие повлекување е во тек за неколку години, пишува новинарот на РСЕ Драган Штављанин.

Русија има многу инвестирано и во Црна Гора во последните десет години и тоа во различни сектори на туризмот, во металната индустрија, и најважно од сè е приватизацијата на подгоричкиот Комбинат за Алуминиум, кој е столбот на економско присуство на Русија во Црна Гора, кое, судејќи според моменталната ситуација, се ближи кон крајот дали затоа што станува збор за лоши потези или за перење пари, како што јавува нашиот дописник Есад Крциќ.

Со оглед дека руските инвестиции се поврзани со политиката, компании во оваа земја досега најмногу соработуваа само со еден дел од Босна, со Република Српска, која отвори свое преставништво во Москва. При тоа, како што изјави Душко Перовиќ, шеф на преставништвото на Република Српска во Москва, договорени се бизниси вредни неколку милијарди евра. Иако имаше обиди и од страна на федерацијата на БиХ за соработка со Русија, Москва, не покажа особен интерес за овој дел од БиХ. Русија во последно време е се поприсутна и во другите земји од регионот, иако не во толкав обем.

Преземено од Радио Слободна Европа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.