На 09.12.2021 година, при извршени сообраќајни контроли во Кичево, полициските службеници извршиле контрола на 36 автобуси што вршат јавен превоз на патници од кои, 20 упатиле во станица за технички преглед.
Притоа, кај 4 автобуси, биле констатирани недостатоци на опрема. Полициските службеници во Дебар, затекнале 05 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (2 во населено место и 3 надвор од населено место) додека во Охрид, еден возач бил затекнат при управување моторно возило под дејство на алкохол по што веднаш е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката дозвола.
За констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози.