НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана книгата ,,Бошњаците во Македонија во текот на ХХ век“ од Рамчиловиќ

0
By Нова ТВ on June 9, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Книгата ,,Бошњаците во Македонија во текот на ХХ век со посебен акцент на културата и просветата’’ од авторот проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ е резултат на обемна истражувачка работа и активност на д-р Рамчиловиќ кој се осмели да ги истражи и расветли историските појави и процеси врзани за Бошњаците во Македонија.

Издравач на книгата е Бошњачката културна заедница во Република Македонија.

Ова книжевно дело е всушност доработена докторска дисертација одбранета на Институтот за наиционална историја на РМ (ИНИ) под менторство на познаниот историчар и научник проф. д-р Марјан Димитријевски,кој меѓу другото истакна :

,,Нема дилема дека се работи за ,според мене,најдобар труд на тема која ги третира Бошњаците во Македонија,но не само според својата содржина,туку и поради богатите извори на информации,факти,прилози,стилот на пишување,истражувачките методи и резонирањето на суштината на овој научен труд кој воедно е и темел за сите понатамошни истражувања врзани за историјата на Бошњаците во Република Македонија.’’

Рецензентот на книгата и еден од промоторите, академик проф. д-р Ферид Мухиќ
зборуваше исцрпно за ова дело, потенцирајќи:

,,Без дилема можеме да констатираме дека, и според тематиката, и според значењето на сознанијата, како и во однос на нејзиното научно и општествено влијание станува збор за едно од најзначајните остварувања не само во Макеоднија,туку и во регионот .Ова воедно значи дека книгата има исклучително важна функција на аргументиран коректив на општо прифатените негативни стереотипи и квази-научните идеолошки конструкции наметнати како наводна “историска вистина“.“

После излагањата на промоторите на книгата, свое обраќање имаше и нејзиниот автор, д-р Зеќир Рамчиловиќ кој видно возбуден изјави:

,,Ако би се запрашало во моментот кој е најсреќниот човек на светот, би можел да Ви го дадам одговорот: – Јас! Да, драги пријатели, благодарение на Вас и на ова дело јас сум најсреќниот човек на планетава.“

На промоцијата присустуваа голем број на професори,јавни личности од политичкиот и културниот живот на Македонија кои со особено задоволство ја проследија промоцијата и пројавија интерес за ова дело кое е од суштествен значај за Бошњаците во земјава,како и сите останати граѓани со цел подобро запознавање, меѓусебно разбирање и почитување.

Автор: Адмир Фазлагиќ, новинар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.