Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според ЕУ напредува владеењето на правото, Македонија заслужува преговори

0
By НОВА ТВ Balaban on December 14, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: sloveniatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 14, 2021 10:11

Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација, иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО.

МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во последен момент би можеле да претрпат промени, но специфично за Северна Македонија, Советот го поздравува реформскиот напредок на земјата кој овозможи зелено светло за преговори во март 2020 година и се поздравува одржувањето на локалните избори и напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Напредок се нотира и во реформата на јавната администрација, иако се потребни дополнителни напори. Се поздравува реформата на безбедносните и разузнавачките служби согласно барањата на НАТО.

Изминатиов период на ова поле УБК беше одвоена од МВР, беше формирана Оперативната техничка агенција, а беше донесен и нов Закон за Агенцијата за разузнавање. Дури и во периоди на пандемија и буџетски кратења беа издвоени буџетски ресурси кои ќе ги покријат потребите на безбедносните служби. Реформскиот процес на безбедносно-разузнавачкиот систем се надополни со формирање на Телото за координација на безбедносно-разузнавачката заедница со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Пред две години формирањето на Агенцијата за национална безбедност претставуваше исчекор и важен политички момент за државата, кога Агенцијата беше формирана како самостоен, но законски строго регулиран дел од безбедносниот систем, наместо дотогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР. Ваквата реформа на безбедносно-разузнавачките служби, која беше нужност согласно препораките од Извештајот на Рајнхард Прибе, овозможи формирање агенција по сите европски и НАТО стандарди.

– Во согласност со препораките на групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото, цивилен надзор треба да се обезбеди над безбедносен/разузнавачки сектор бидејќи тоа исто така ќе има позитивно влијание врз ублажување на јавната недоверба во разузнавачките институции. Сите релевантни закони треба да бидат брзо спроведени, во соработка со НАТО и стратешките партнери, се вели во последниот извештај на Европската комисија. Во меѓувреме се формира и ново тело како Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

 

владеењето ЕУ заслужува напредува право преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.