НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиев смирува- гасификацијата на Скопје не е доведена во прашање

0
By Нова ТВ on June 10, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија внимателно го следи развојот околу случувањата со Јужен тек, кои, во секој случај, не зависат директно од нас. Делот кој зависи од нас, во смисла на подготовки од наша страна, е комплетиран, изјави денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, одговарајќи за тоа кој е ставот на Владата по последниот развој на настаните поврзани со гасоводот Јужен тек.

– По повод најновиот развој на ситуацијата поврзана со одлуките на Бугарија, и доколку тие бидат на тој начин реализирани и непроменети, Владата веќе разработува анализи во врска со можностите за реализација на планираните проекти во рамките на сегашните количини и капацитети на природен гас кои може да се обезбедат. Според првичните проценки, гасификацијата на Скопје не е доведена во прашање во случај на неможност за реализација на Јужен Тек, рече Ѓорѓиев.

Вчера Александар Дуковски – директор на Агенцијата за енергетика изјави дека ова прашање ќе се дискутира кога ќе се знаат сите факти. Бугарија официјално се уште не се изјаснила за запирање на изградбата на гасоводот.

Откако бугарскиот премиер Пламен Ошарски попушти под притисокот на ЕУ и пред два дена изјави дека Бугарија привремено ги прекинува сите активности околу гасоводот Јужен тек, вчера и српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ изјави дека Србија треба да ги одложи активностите околу рускиот гасовод.

-Додека не завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на ЕУ со Русија, и ние прекинуваме. Или додека Русија не ја промени трасата. Но, се разбира, резултатот и од едното и другото сценарио значи одложување на работите и во нашата држава, изјави Михајловиќ за „Блиц“.

Сепак, нејзините изјави не претставуваат никаква формална одлука на владата на Србија. Премиерот Александар Вучиќ изјави дека српската влада немала седница за да донесе ваква одлука и дека за тоа треба подлабоко да се размисли.

„Таква одлука треба да донесе Владата на Србија, која не заседавала. Што се однесува до нас, нам се‘ ни тече како што беше планирано околу проектот“, рече Вучиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.