Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикризните мерки спречија поголеми отпуштања, но поради пандемијата неизвесноста сѐ уште постои

0
By НОВА ТВ Balaban on December 18, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 18, 2021 09:42

Буџетот за 2022 година, кој во четвртокот беше донесен од страна на Собранието, според тимот на ММФ, соодветно ги намалува трошењата поврзани со пандемијата и истовремено продолжува да ја поддржува економската активност.

Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека сѐ уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките и понатаму да бидат флексибилни.

Во изјавата дадена по завршените консултации во земјава, од ММФ посочија дека вработеноста најверојатно постепено ќе закрепнува, а солиден раст се очекува и кај извозот. Она што би можело негативно да влијае е недоволната имунизација на населението и новите варијанти на вирусот, како и евентуалната политичка нестабилност во земјава поради која би се намалила довербата и би се успорило спроведувањето на политиките. Почетокот на преговори за пристапување во ЕУ, според ММФ, би можело да биде поттик за спроведувањето на реформите со што би се зголемил растот.

Буџетот за 2022 година, кој во четвртокот беше донесен од страна на Собранието, според тимот на ММФ, соодветно ги намалува трошењата поврзани со пандемијата и истовремено продолжува да ја поддржува економската активност.

-На прелиминарна основа, тимот на ММФ очекува фискалниот дефицит да се намали на 4,3 проценти од БДП во 2022 година, од 5,9 проценти во 2021 година. Буџетот предвидува поголеми трошоци во здравствениот сектор, вклучително и за вакцини. Исто така содржи и простор кој овозможува флексибилно да се реагира на потребите од трошења поврзани со пандемијата. Ако потребата за итни мерки продолжи да се намалува, како и што се очекува во појдовната основа, финансирањето би можело да се искористи за поддршка на прераспределба на ресурси помеѓу секторите, вклучително и преку обука и преквалификација на работниците, поттикнување на вработувањето и инвестициите и зајакнување на мрежата за социјална заштита, наведе ММФ во завршната изјава.

Позитивни оценки се дадени и за монетарната и финансиската стабилност. Фиксниот курс на денарот се посочува како сидро на стабилноста, а нивото на девизните резерви се проценува дека е на соодветно за да го поддржи таквиот курс.

– Промени во домашната монетарна политика не би имале влијание врз ефектите од ниту еден од глобалните фактори кои влијаат на инфлациските движења. Сепак, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) треба да продолжи внимателно да ја комуницира својата проценка за тенденциите на инфлацијата, и истовремено да биде подготвена да ги заостри политиките ако инфлацијата во Северна Македонија се случи да биде постојано повисока отколку инфлацијата во еврозоната, што во моментов не е случај, или ако се остварат значителни и постојани притисоци врз девизните резерви, оценува ММФ.

Инфлацијата, според тимот на ММФ, веројатно ќе биде повисока подолго од првично очекуваното, но во втората половина на 2022 година се очекува да почне да се намалува. Очекувањата на ММФ се дека таа во 2022 година ќе биде 3,9 проценти во просек и ќе се стабилизира на околу два проценти во 2023 година. Прогнозите на ММФ за македонската економија се дека таа ќе бележи раст од 4 проценти годинава на 4,2 проценти догодина, а фискалниот дефицит ќе се намали на 4,3 проценти од БДП во 2022 година, од 5,9 проценти во 2021 година.

Ваквите оценки од ММФ беа поздравени од страна на Министерството за финансии и Народната банка од каде посочија дека тие се потврда за исправните економски политики во земјава.

 

ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.