Европратениците кои се во дводневна посета на земјава денеска треба да се сретнат со претседателот Иванов, со премиерот Груевски, вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, како и со пратеници во Собранието.
Посетата се најавува како поттик за решавање на политичката криза.
Министерот за надворешни работи Попоски и поранешниот претседател на Европскиот парламент, европратеникот Јержи Бузек вчера одржаа предавање пред дипломатската академија на МНР, на тема Европскиот парламент – движечка сила на политиката на ЕУ за проширување.
Република Македонија недвосмислено е дел од европското семејство и ги споделува истите вредности, а нејзината иднина е во ЕУ, рече Бузек, кој е дел од делегацијата европратеници – пријатели на Македонија, која престојува во Скопје на покана на Попоски.