Четири лица се повредени во пожар што избувна во рафинеријата „Ексонмобил“ во близина на Хјустон, во американската сојузна држава Тексас.
Окружниот шериф Ед Гонзалес на Твитер напиша дека дошло до „голема индустриска несреќа“ во фабриката што го предизвикала пожарот.
Како што наведе тој, според прелиминарните извештаи, имало „некаков вид на експлозија“ во фабриката, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.