За време на традиционалната новогодишна конференција за медиумите, претседателот на Русија, Владимир Путин не одбегна да одговори ниту на новинарското прашање за тоа дали Дедо Мраз му ги носи подароците дома?
„Мојот однос со Дедо Мраз е навистина позитивен. Му благодарам на Дедо Мраз што можам од оваа моја позиција да ви се обратам. Навистина, ја ценам поддршката од рускиот народ и се надевам дека Дедо Мраз ќе нѐ придружува, ќе биде со нас, со сите нас, не само со подароци, туку и ќе ни помогне да го направиме сето она што го сакаме. Тоа се однесува на целиот руски народ и на нашата нација, изјави Путин.