НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вештак на одбраната објасни како се купувале плацеви на Водно – сè било уредно евидентирано во деловните книги

0
By Mirjana on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На денешното рочиште во судскиот процес „Плацеви на Водно“ беа изведени материјални докази од одбраната која презентираше стручен наод и мислење од вештото лице Кире Костов. Ова е второ вештачење на вештакот Костов, кој работи во областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, што го изработил на барање на одбраната, а предмет на анализа бил преносот на сопственички удел од „Сирах лимитед“ на „Орка холдинг“ и дали тоа било согласно закон, како и со кои парични средства бил платен уделот.
Одбраната го праша вештакот кога е извршен преносот, а тој одговори дека на 12.08.2015 година во Централен регистар е запишана промена, со која дотогашниот содружник „Сирах лимитед“ – Белизе истапил, а пристапил „Орка холдинг“ – Скопје.
– Преносот на удел е врз основа на договор. Постои документацијата за купување на уделот од Орка холдинг, согласно статутот и позитивните законски прописи. Купопродажниот договор изнесува 1.535 илјади евра. Купопродажбата е платена од „Орка холдинг“ на „Сирах лимитед“ со повеќе последователни трансакции. Плаќањата се прикажани во мојот стручен наод и мислење, изјави вештакот Костов. Преносот на уделот, посочи вештакот, е уредно евидентиран во деловните книги.
– На 25.10.2016 година во Централен регистар запишани се промени на основачот на „Систина лајв кеар центар“ Скопје, со која истапил содружникот „Орка холдинг“, а пристапиле „Камчев консалтинг“ Скопје со удел од 870.675 евра и „Орка Фајненс“ Скопје со влог од 428.840 евра. Продажбата е уредно евидентирана во сметководствената евиденција, појасни вештакот Костов. Прашан, дали за купената градежна парцела постои уредна документација, вештакот рече дека е склучен договор за недвижен имот од 6 илјади метри квадратни во КО Центар-2 од „Лајф кеар центар“ Скопје како продавач и „Супертрејд“ Скопје како купувач на 22.10.2018 година со вредност од 9.642.708 денари со ДДВ. Овој договор помеѓу „Лајф кеар центар“  и „Супертрејд“, во 2018 година, каде „Лајф кеар центар“ се јавува во својство на продавач, а „Супертрејд“ во својство на купувач, врз основа на кој е издадена и платена фактура, данокот на додадена вредност од фактурата е пријавен во Управата за јавни приходи во законски предвиден рок со даночна пријава за ДДВ за конкретниот период, а на деловните односи кои се утврдени со тој договор извршена е и надворешна контрола од страна на Управата за јавни приходи РД Скопје, за што е составен записник, во кој е констатирано правилно и законито пресметан ДДВ, уредно пријавен во УЈП, во законски рок.
Прашан како се обезбедени парите за уделот од „Орка холдинг“ кон „Сирах лимитед“, вештакот рече, дека се платени со девизни дознаки преку „Стопанска банка“ Битола, а според денарските изводи на „Орка холдинг“ купувањето на девизните средства е извршено со денарски средства – сопственост на компанијата остварени од тековно работење и финансиски заеми, меѓу поврзаните друштва во рамки на компанијата и физичко лице. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.
Плацеви на Водно рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.