Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната година во пензија ќе заминат 20 обвинители, кадровските капацитети клучен предизвик за Јовески

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 29, 2021 14:02

Кадровските капацитети се клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата.

На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните планови на институцијата.

Обвинителите годинава имаа тешка задача, оцени Јовески. Од една страна, материјалните и кадровски услови за работа и покрај малото подобрување, беа недоволни. Од друга страна, во текот на 2021 година имаше кривично-правни настани и предмети кои по својата тежина беа испит за самостојно, стручно, одговорно постапување и пред се за обвинителство кое неселективно ќе ги гони сторителите на кривични дела.

– Сметам дека со својата одговорна работа јавните обвинители, успешно ја овозможуваа и гарантираа ефикасноста на кривично – правниот систем во општеството. Сепак, претстојат уште многу предизвици, рече државниот јавен обвинител.

Според него, еден од клучните приоритети за ефикасна борба против криминалот е зајакнувањето на кадровските капацитети на обвинителството. Во овој сегмент, работите се придвижуваат нанапред, но потребни се дополнителни заложби.

– Имено, обвинителствата се соочуваат со природен одлив на вработените, како и на јавните обвинители кои заминуваат во пензија. Уште повеќе што во меѓувреме, донесени се законски одредби со кои се оневозможува работењето на јавните обвинители по навршување на 64 години. Па така, имајќи ја предвид старосната структура во обвинителството, следната година во пензија треба да заминат околу 20 обвинители, во 2023 година уште петмина. Нивното место, според сегашната динамика ќе може да се пополни дури за две години. Постои опасност основните јавни обвинителства да останат без јавни обвинители, како што се обвинителствата во Свети Николе и во Делчево. И другите основни обвинителства во државата остануваат со далеку помал број обвинители од потребниот, со што се доведува во прашање не само нивната ефикасност, туку и извршувањето на нивната функција. Овие прашања се високо приоритетни за следниот период и тука вложуваме напори за нивно разрешување, истакна Јовески.

Тој додаде дека во дел од обвинителствата започнаа да функционираат истражните центри и веќе започнаа да се чувствуваат првите придобивки од поголемата независност во преземањето на истражните дејствија. Сепак, клучно е натамошно материјално, просторно и кадровско опремување на истражните центри, а впрочем тоа е и обврска за нашата земја нотирана и во последниот извештај на Европската комисија.

Недостигот на стручен кадар е видлив и во делот на секторот за информатички технологии, особено ако се имаат предвид плановите и најавите за дигитализација на правосудството, а со тоа следствено и на обвинителството.

Во годината што претстои, планирани се и крупни законски измени кои директно ја засегаат работата на Јавното обвинителство. Формирана е работна група за изработка на нов Кривичен законик во Министерството за правда, во која учествува и јавен обвинител, а претставници од Јавното обвинителство учествуваат и во работната група за Законот за кривична постапка.

На средбата, Јовески директно апелираше на отчетно и одговорно постапување од страна на сите јавни обвинители.

– Во текот на 2021 година работевме на обезбедување интерни механизми и правна рамка за ефикасно работење, на зајакнување на капацитетите на вработените, на зголемување на транспарентноста и меѓународната соработка. Отпочнат е процесот на согледување на резултатите, одговорноста и отчетноста на јавните обвинители со тоа што започна да се оценува работата на секој јавен обвинител преку систем за утврдување на резултатите. Ве повикувам овој систем на оценување да го прифатите како еден поттик за уште поголема ефикасност во вашата работа. Секако, системот е нов и во текот на годините што претстојат треба да се усовршува и надградува согласно стекнатото искуство од примената, нагласи Јовески.

Тој додаде дека состојбите во обвинителството мора да се менуваат на подобро и поефикасно работење, со зголемување на неопходните материјални средства за извршување на функцијата. На пример, Буџетот за следната година зголемен е околу 14 отсто, платите на јавните обвинители и јавнообвинителските службеници ќе се зголемат за 15 отсто, а обвинителството ќе мора да оствари сериозни реформи за да се придвижи кон европските стандарди. Охрабрување на тоа е што во последниот извештај на ЕУ се нотира напредок во справувањето со тешкиот и организиран криминал.

Јавен обвинител Љубомир Јовески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.