НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тасева: На Заев не треба да му се суди за клевета пред да се истражи случајот

0
By Сашка Цветковска on June 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева вели дека не е примерно што лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се соочи со премиерот Никола Груевски на суд за клевета за случајот „Македонска банка“ пред воопшто обвинителството да ги истражи наодите за корупција кои ги изнесе Заев. На денешната пресконференција таа се осврна и на Законот за заштита од корупција и членот 19 кој што, според Тасева, го овозможува правото на дојавувачот на корупција прво да се спроведе истрага, наместо веднаш да се суди за клевета.

-Конкретниот член вели дека не може да се преземе казнено гонење или да се повика на каква и да е друга одговорност лице што открило податоци што укажуваат на постоење на корупција, вели Тасева.

Таа потенцираше дека овој закон има големи слабости и е неефикасен бидејќи „иако определува заштита за дојавувачите на корупција, не ја определува процедурата во која таа заштита би се спровела“.

Слаѓана Тасева го критикува и новиот нацрт-закон за заштита на дојавувачите на корупција. Според неа, слабост на овој закон кој е спротивен на меѓународните конвенции е тоа што единствено е предвидена заштита за дојавувачите од јавниот сектор, но не и за оние од приватниот и единствено доколку дојавуачот ги пријави своите наоди пред Антикорупциската комисија, но не и преку медиумите или други средства.

Тасева истакна дека праксата во Македонија покажала дека дојавувачите не само што не се штитат, туку, напротив, на крајот многу често против нив се водат исцрпувачки судски процеси за клевети.

НОВА подготви видео сторија која прикажува некои од судбините на Македонците кои пријавиле корупција, како човекот кој своевремено ја откри аферата „Телеком“ која доби судска завршница дури и во судот во Њујорк, но во Македонија, единствениот судски епилог беше оној против дојавувачот во процес за клевета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.