Претседателот на ЛДП Горан Милевски информира дека независните советници од Македонски Брод, Даниел Максимоски и Бране Јованоски одлучија да се приклучат на ЛДП и тие од 1 јануари веќе делуваат во Советот на Општината како советници на либералдемократите.
„Вратите на ЛДП остануваат отворени и за други заинтересирани граѓански активисти кои изразуваат спремност да се приклучат кон ЛДП, а бројот на советници на ЛДП следниот период ќе се зголемува“, вели Милевски.
Според него се повеќе независни советници кои гравитираат на центарот ја препознаваат ЛДП како автентична трета опција која им припаѓа на граѓанскиот центар.
Максимоски на локалните избори освои 9,94% од гласовите, а Јованоски 8,81%, соопшти ЛДП.