Според Европската макросеизмичка скала и првичните информации од таму епицентарот на потресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер се наоѓа на подрачјето од Битола кон грчката граница, на два километри под површината на земјата.
Потресот се почувствува околу 22.43 часот а не се исклучува можноста да се случиле и два последователни потреса.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е регистриран дека се случил на подрачјето на Грција со амплитуда од 5,5 степени.
Според објавата следните 3-4 минути се случиле уште два потреса од 3.5 и 4.2 рихтерови степени со епицентар во Грција.
Според првичните информации земјотресот е почувствуван речиси на целата територија на државава а сигурно и во соседните Грција и Албанија.
Засега нема информации за евентуални жртви или повредени или за материјалната штета што е предизвикана.