НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Битолчани под ведро небо ја поминаа ноќта, општината апелира да ги пријават штетите од земјотресот

0
By НОВА ТВ Balaban on January 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Испраќам и апел до граѓаните – сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени, нагласи Коњановски и додаде дека итно ќе се формира комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, која ќе излезе на терен

Тресењето беше непријатно и многу се исплашивме. Живеам на трети кат и веднаш излеговме надвор пред зграда каде останавме неколку часа додека не се смири состојбата. Па Битола е на само 20 километри од Лерин, каде беше епицентарот на синоќешниот земјотрес. И денеска имаше мали потреси, околу 30, a велат тоа е нормално, афтершокови се, раскажува жителка на Битола која и денеска беше вознемирена од синоќешниот земјотрес кој со силина од 5,5  степени по Рихтер со епицентар во Лерин, синоќа во 22.44 часот го погоди подрачјето околу македонско-грчката граница.

Потресот беше почувствуван и пошироко во регионот – во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора.

Штетите од земјотресот во Битола и регионот се испукани ѕидови и тавани на куќи и згради, оштетени фасади. Оштетувања во внатрешноста има и на Клиничката болница во Битола и тоа на главната зграда, па дел од пациентите се пуштени на домашно лекување, а откажани се и дел од планираните операции.

– За санирање на штетите ќе се бара помош и од Владата, изјавија за НОВА ТВ од општинскиот кризен штаб во Битола кој денеска одржа итен состанок за состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси.

За среќа, нема загинати и повредени.

Коњановски: Затекнавме паника, граѓаните беа излезени

Како што соопштија од Општина Битола, денеска се донесени и конкретни мерки за постапување во интерес на граѓаните. Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Илиевска, по состанокот информираа за мерките коишто ќе бидат преземени:

–  Уште вчера по 22.44 часот, после земјотресот кој ја зафати Битола, кој не потсети на оние времиња од 1994 година, излегов на терен заедно со дел од кризниот штаб, како и дел од советниците од Советот на Општина Битола, да ги увидиме првичните состојби во градот. Затекнавме паника, што е нормално во вакви ситуации, граѓаните беа излезени, посебно од колективните згради, висококатниците, но и сите други граѓани. Се обративме, првично во Службата за итна медицинска помош, како и единицата за противпожарна заштита. За среќа, немаше повици за повредени и за материјални штети во првичните моменти – изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Тони  Коњановски, информираат од Општината.

Тој испрати и апел до граѓаните:

– Итно ќе се формира комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, која ќе излезе на терен, а е составена од стручни служби од Општина Битола, потпомогнати од ИЗИС. Испраќам и апел до граѓаните – сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени. Од здравствените институции бевме информирани дека немаше пријава на повредени во однос на синоќешниот земјотрес – нагласи Коњановски.

Илиевска: Битола во најкус можен рок да ги санира штетите, имаме објекти кои се под заштита

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, информираше:

– На седницата на Советот имаме неколку дополнителни точки: формирање на комисија за штети, настанати по земјотресот и донесување на заклучок, кој ќе го доставиме до Владата на Република Македонија и ќе бараме одржување на итна седница, на која ќе се разгледа состојбата во Битола и на која ќе побараме и самата Влада да излезе во пресрет на она што ѝ се случи на Битола. Колкави се штетите, не знаеме сеуште. Но, во Битола имаме големи институции: болници, градинки, суд, објекти кои се под заштита и сметам дека и таму ќе треба да се предвидат големи финансиски средства, бидејќи нивната реконструкција ќе чини повеќе, бидејќи дел од нив се стари градби. Затоа сметаме дека треба да побараме ваква седница, каде државата ќе излезе во пресрет за нашиот град, бидејќи сметаме дека Битола, мора во најкус можен рок да ги санира штетите кои и се случија минатата ноќ, изјави Илиевска.

Ljubojno zemjotres

 

(Љ.Б.)

 

Битола вознемирена земјотрес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.