Социјалдемократите вечерва на седници на Извршниот и на Централниот одбор се очекува да ги утврдат кадровските решенија за составот на новата влада.
Седницата на Извршниот одбор ќе се одржи во 18 часот, а потоа во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор на партијата.
Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ и мандатар утре ќе го достави до Собранието предлогот за новиот владин кабинет и програмата, а на крајот од неделава треба да се одржи и собраниска седница на која ќе биде избрана новата владата.
Претседателот Стево Пендаровски на Ковачевски му го врачи мандатот на 29 декември, по што почна да тече рокот од 20 дена, во кој мандатарот треба да го достави составот на новиот владин кабинет и на владината програма до Собранието.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава изрази надеж дека мандаторот нема да оди во крајните рокови и дека очекува новата влада да биде избрана и да биде функционална на 17 јануари 2022 година.