НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Мета: И Северна Македонија и Албанија досега исполнија сѐ што од нив беше побарано, сега на ред е ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Ковачевски најави интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ денеска се сретна со претседателот на Република Албанија Илир Мета.

На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со фокус на соработката меѓу двете соседни земји, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции.

Претседателот Ковачевски изрази уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку иницијативата Отворен Балкан и дека двете држави наскоро ќе ги започнат преговорите со Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат откако претходно ги исполнија сите потребни предуслови.

– Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги започнат преговорите за членство во Унијата, затоа што и Северна Македонија и Албанија досега исполнија сѐ што од нив беше побарано, сега на ред е ЕУ,  истакна Ковачевски.

Во однос на билатералната и регионална соработка, претседателот Ковачевски истакна дека иницијативата Отворен Балкан е важен чекор кон унапредување на соработката меѓу државите, носи нови можности за економски раст и развој, но дека тоа не е алтернатива за членството во ЕУ но може да биде од сериозна помош при пристапувањето во Унијата.

Ковачевски најави интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.

 

Претседателот на Албанија Илир Мета истакна дека очигледен е напредокот што Северна Македонија го постигнала во изминатите неколку години, го поздрави концептот „Едно општество за сите“ кое е уникатен пример во регионот истакна дека започнувањето на преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.

 

 

Албанија Ковачевски - Мета Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.