НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев за МИА: Четири фактори ја генерираат сегашната берзанска цена на електричната енергија

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има четири фактори што ја генерираат зголемената цена на електричната енергија на берзите. Тоа се цената на природниот гас, зелените сертификати коишто пораснаа драстично, намалените издашности на обновливите извори на енергија и реалната инфлација, оценува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост, заедно со видео материјал.

Тој смета дека нема енергетска криза, бидејќи, како што вели, сите земја во Европа имаат електрична енергија, а проблемот е од финансиска природа заради зголемувањето на цената на струјата.

– Ова што денеска го имаме како што го викаат сите е енергетска криза. Јас не го викам енергетска, туку финансиска криза, бидејќи енергетска криза би било доколку некој нема електрична енергија во Европа. Како што гледаме никој не се жали дека нема електрична енергија, сите имаат електрична енергија што значи дека кризата не е дека нема енергија, туку кризата е дека енергијата е скапа, потенцира Анѓушев во интервјуто за МИА.

Тој вели дека Владата се справува со цената на струјата на ист начин како и сите земји што се увозно зависни.

– Најдобро се справуваат тие држави коишто имаат доволно сопствено производство, а сите држави коишто се доминантно увозно зависни, за жал мора да ја плаќаат пазарната цена на електричната енергија и тоа нормално ја генерира цената на електричната енергија што ја плаќаат потрошувачите, посочува Анѓушев.

Очекува енергетската криза да потрае подолго време и цената на електричната енергија да се стабилизира на околу 80 до 120 евра за мегават час, но не годинава. Смета дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра за мегават час.

Тој препорачува Владата да ги субвенционира македонските компании да купуваат нова технологија за да го зголеми извозот од земјава.

Во интервјуто Анѓушев говори и за субвенционирањето на малите хидроелектрани, за укинувањето на евтината дневна тарифа за струјата, за неговото назначување за почесен конзул на Малта…

Кочо Анѓушев струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.